еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Администрацијата во Скопје нема да работи на 30. ноември, за време на министерски состанок на ОБСЕ

Владата, во врска со 30-от министерски состанок на ОБСЕ, којшто ќе се одржи на 30 ноември и 1. декември 2023 година во Скопје, на предлог на Министерството за надворешни работи, донесе одлука, работното време на сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје – на 29. ноември 2023 година (среда), да заврши во 12:00 часот.

А, 30-ти ноември 2023 година (четврток) се определува за неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, на подрачјето на град Скопје.

Овие заклучоци се однесуваат и на основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, а не се однесуваат на детските градинки и здравствените установи на подрачјето на град Скопје – коишто е потребно да изработат сопствени планови за работењето, со цел непречено функционирање.

Се препорачува на општините во градот Скопје и на Град Скопје да ги спроведат заклучоците.

Оваа препорака се однесува и на приватниот сектор на подрачјето на градот Скопје, посебно од подрачјето на Општината Карпош и на општините кои гравитираат кон Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и хотелот „Александар Палас“.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

331 санкционирани возачи во Скопје: 93 за пречекорена брзина, 31 мотоциклист

Редакција

Институт за демократија: Релативно ниско ниво на квалитет на дебата во Собранието во последните две години

Редакција

Од денеска не работи жичницата и се укинуваат бесплатните автобуски линии до Средно Водно

Редакција