еМагазин
Image default
Бизнис

АЕК: Промена на ТВ-каналите во одредени региони поради воведување 5G технологија

Агенцијата за електронски комуникации ги информира корисниците кои следат дигитална терестријална телевизија, DVB-T преку оператор на јавна електронска комуникациска мрежа дека во насока на воведување на 5G технологија и ослободување на фреквенцискиот опсег 694-790 MHz (дигитална дивиденда 2), предвидена е промена на каналите во одредени региони.

Промените ќе се одвиваат по следниот редослед:

-27.11.2019 година во периодот од 10:00 до 12:00 часот во зоната на распределба „Страцин“ (Куманово и Крива Паланка и нивната поширока околина);

-04.12.2019 година во периодот од 10:00 до 12:00 часот во зоната на распределба „Страцин“ (Кратово и неговата поширока околина).

„При процесот на промена на каналите можни се делумни или целосни прекини во програмата. Во тој случај, апелираме до корисниците за задолжително прескенирање на ТВ каналите на уредите за прием на DVB-T.

Корисниците на услуги преку кабелска и оптичка мрежа нема да бидат засегнати од овие промени“, соопшти АЕК.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВИВА лансираше нови производи „Viva la Cucina“- повеќе типови кечапи и доматни сосови

Редакција

Колку акции поседуваат членовите на Управниот и Надзорниот одбор на струмичко Единство

Редакција

Катастарот вработува шест државни службеници, плата до 25.023 денари

Редакција