еМагазин
Image default
Македонија

Џафери за утре најави седница за избор на претседател на Собранието

Собранискиот спикер, Талат Џафери денеска им дал насоки на собраниските служби за утре да подготват продолжение на конститутивната седница и избор на претседател на законодавниот дом.

Според Џафери, тоа што утре претседателот Стево Пендаровски ќе му го додели мандатот на Зоран Заев за формирање Влада, значи дека лидерот на СДСМ има мнозинство.

– Од медиумите дознав дека Пендаровски ќе му го додели мандатот на Заев, што според Уставот значи дека Заев има мнозинство и дека е подготвен за избор на претседател на Собранието со што ќе заврши и официјално конститутивната седница и Собранието ќе биде конституирано.

Затоа им дадов насоки на собраниските служби за утре да подготват продолжение на конститутивната седница, изјави Џафери за ТВ 24.

За ова тој веќе ги информирал и координаторите на партиите во Парламентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пендаровски утре напладне ќе му врачи мандат за состав на нова Влада на Заев

МИА/Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Град Скопје со одговор до Јакимовски: Исклучиво сме надлежни за носење ГУП, постапките за ДУП ги носи Општина Карпош

Редакција

На поранешниот судија Теофиловски му застаре делото за злоупотреба тешка 860.000 евра

Редакција

32 пациенти со корона вирусот хоспитализирани во Козле, шест се деца

Редакција