еМагазин
Image default
Македонија

Ахмети: Проблемот со СЈО треба да го решаваат двете најголеми македонски партии

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети денеска изјави дека проблемот со Специјалното јавно обвинителство (СЈО) треба да го решаваат, како што вели, двете најголеми македонски партии, истовремено порачувајќи дека со ветинг и проверка на кадрите државата ќе биде поуспешна во борбата против криминалот и корупцијата.

– Проблемот за СЈО треба да го решаваат двете најголеми македонски партии. Го поддржуваме законот, ги поддржуваме сите реформи во судството. Неопходно е во оваа држава да има ветинг, да има проверување на кадрите посебно на тие што се задолжени за чување на редот и мирот, бидејќи само така ќе бидеме поуспешни во борбата против криминалот и корупцијата, изјави Ахмети, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на спортска сала во ОУ „Реџеп Вока“ во Шипковица.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои актуелни функционери ги гони СЈО?

Што ќе ни се Собранието и пратениците кога на лидерски средби се решава судбината на СЈО и на државата?

Колку и кои предмети СЈО треба да ги предедаде на Јавното обвинителство?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Џамија во Арачиново доби подарок комбе од Агенцијата за управување со одземен имот

Редакција

Поради неподнослива атмосфера во судницата, прекинато рочиштето за несреќата кај Ласкарци

Редакција

Во ноември му истекува времениот пасош на бизнисменот Орце Камчев

Редакција