еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ахмети смета дека БЕСА нема да ја напушти Владата

Сметам дека нема да се случи БЕСА да ја напушти Владата, зашто таквиот потег нема да биде од полза на таа партија, изјави денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети во Собранието.

Коментирајќи ја изјавата на генералниот секретар на Беса, Арјанит Хоџа дека поради одлуката за прегласување на изборите за градоначалник во Желино можно е партијата да ја напушти владината коалиција, Ахмети вели дека нема потреба да се врши притисок врз институциите и дека треба да се почитува одлуката на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласување на едно избирачко место во Желино.

– Нивните изјави може да се разберат како еден вид притисок врз владејачката коалиција, но коалицијата нема да биде оштетена од таквите изјави или слични притисоци. Пред сѐ, тоа не е добро затоа што тие изјави значат притисок врз институциите кои мора да го спроведуваат законот, рече Ахмети во изјава за Алсат М.

Изјавта на Ахемти, следи по објавата на Фејсбук на генералниот секретар на Беса, Хоџа, кој е и актуелен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, во врска со приговорите за изборите во Желино, по кои решаваше ДИК.

– Желино, место во кое се роди една партија (Движењето Беса), може да биде и Желино кое руши влада, напиша Хоџа во објавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерот Хоџа од БЕСА не можел да седи на иста маса со ДУИ, ќе си поднесе оставка

Министерот за земјоделство Арјанит Хоџа од БЕСА, се заканува со уривање на Владата

МИА/Фото: ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Jапонскиот оперски првенец Котецу ја освои Битола, еве како звучат „Едно име имаме“ и „Македонско девојче„ во негова изведба

Редакција

Димитров предупреди дека новиот пристап ќе донесе корист само за Бугарија

Редакција

(Фото) Ивана Смилевска и Емилија Петреска од Радио МОФ добитници на наградата за најдобра новинарска сторија „Жан Моне“

Редакција