Нивото на однесување на политичарите во предизборието секојдневно се спушта се пониско и пониско, а во тој правец е и изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за телевизијата Сури во Албанија дека неговиот коалционен партнер, лидерот на СДСМ, Зоран Заев пред митинг пиел неколку чашки ракија, а потоа се каел за тоа што ќе го кажел на митингот.
“Заев ќе испие 2-3 чаши ракија пред митинг, па после се кае што рекол. Друго зборува по митинзи, друго мене ми кажува на состанок”, рече Ахмети.
Тоа е одговорот на прашањето зошто Заев имал остра реторика на митинзите против ДУИ и смета дека таа треба да оди во опозиција.
Заев пак вели дека никогаш не бил пијан во животот.
„Промашил комплетно човекот. Зоран Заев може со македонско вино, со домашна ракија да наздрави, ама под дејство на алкохол… Не сум бил никогаш пијан во животот. Така што, секојпат јас можам да се дружам, да седам со луѓе во ресторан, ама под дејство на алкохол… мојот досегашен коалициски партнер ја промашил оваа работа“, изјави денеска Заев.
Фото: Влада