еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ако Бугарија не го промени ставот, преговорите со ЕУ може да не почнат, вели Заев

Разговорите меѓу министерот за надворешни работи Бујар Османи и премиерот Бојко Борисов беа добри, но разговорите меѓу министерката Екатерина Захариева и министерот Османи не се баш добри.

Тоа што е предложено од таа страна ниту е добрососедство, ниту е братство, ниту е најмалку европско. И ако тоа така остане треба да го подготвиме нашиот македонски народ дека може да не отпочне првата меѓувладина конференција која што ја очекуваме во декември, изјави денеска во Пробиштип премиерот Зоран Заев.

-Но јас верувам дека тоа не е став на премиерот Борисов, мојот пријател и брат, верувам дека тоа не е став ни на бугарскиот народ. Ние ќе направиме се во овие претстојни денови да изнајдеме решение.

Ја прифативме заедничката историја и општата историја како што ја викаат во пријателска Бугарија како нешто што е составен дел од нашето минато. Имаме своја посебна историја и македонскиот народ и РС Македонија и бугарскиот народ или Република Бугарија, рече во одговор на новинарско прашање Заев.

Тој изрази уверување дака заедно со премиерот Борисов ќе изнајдат решение за проблемите за земјата да продолжи по европскиот пат.

-Уверен сум дека постојат решенија на проблемите, но дефинитивно знам дека јас и Бојко ќе изнајдеме решенија на ваквите прашања заради тоа што решивме пет историски личности и постојат записници за нивно заедничко чествување и три историски периоди и постојат записници за нивно заедничко чествување.

Верувам и овој следен четврти ќе го решиме. Одличен мегдан е нашиот историски заеднички јунак Гоце Делчев за да не сплотува, да ја зголемува соработката и поддршката. Убеден сум дека ќе постигнеме решение и ќе направиме се што е во наша моќ за да продолжиме по тој пат.

Затоа што нашиот сон е Европа која што го признава и целосно го почитува правото на самоопределување. Ние сме Македонци коишто зборуваме македонски јазик и верувам дека таквите вредности ќе опстојат комплетно и кај нашите соседи, посочи премиерот Заев.

Уверен е, вели тој, дека поддршка за решавање на отворените прашања ќе дадат и претседателите на двете држави.

-Јас сум убеден дека и претседателите на двете земји, претседателот Радев и претседателот Пендаровски ќе дадат поддршка на овој процес за да покажеме дека можеме заедно двете земји на основа на пријателството, на основа на братската поврзаност меѓу двата народа ќе покажеме европски вредности меѓусебна поддршка.

Затоа што многупати имам истакнато премиерот Борисов направи многу за Бугарија ,но направи многу и за Западен Балкан и европеизацијата на Западен Балкан. Тој успеа да го врати целиот фокус на запдноевропските земји кон иднината на Западниот Балкан во ЕУ.

Го организираше Самитот за Западен Балкан и посвети огромно внимание. Беше овде во поддршките на сите отворени прашања во регионот, меѓу другото во поддршката и охрабрувањето да го постигнеме и Преспанскиот договор. Отворивме огромни соработки помеѓу двете земји и верувам дека тоа така ќе продолжи, рече премиерот Зоран Заев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За бугарскиот европратеник Ковачев на 11 Октомври, Србин убил Бугарин, родина на Даме Груев

Не е европски македонскиот јазик да стане пречка на нашата евроинтеграција, вели Димитров

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во струмичката болница нема слободен кревет за заболени од Ковид-19

Редакција

Детален преглед на состојбата по болниците каде се лекуваат пациенти со Ковид-19

Редакција

Турци се степале во авион кој летал на релацијата Скопје – Истанбул, уапсени се на скопскиот аеродром

Редакција