еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Ако вакциниран со две дози се зарази со Ковид-19 прележува без тешка клиничка слика, велат од Националниот комитет за имунизација

Министерството за здравство (МЗ) ја информира јавноста за препораките на Националниот комитет за имунизација.

“Кај лицата кои во периодот меѓу примање на двете дози од вакцината против Ковид-19 се потврди дека се позитивни, втората доза на вакцината се одложува до период кога лицето ќе биде комплетно оздравено од болеста.

Одредени научни истражувања кои се уште се лимитирани упатуваат дека кај прележаните лица со Ковид-19 можно е да е потребна само една доза на вакцина. Сепак, бидејќи нема точни податоци колкава заштита обезбедува само една доза на вакцина, овој став не е прифатен од релевантните здравствени регулаторни тела.

Лицата кои се комплетно имунизирани (со две дози од вакцината против Ковид-19, по поминати 14 дена од втората доза) мали се шансите при контакт на вирусот да се инфицираат и да бидат позитивни, но тие се со полесни симптоми на болеста.

Вакцината обезбедува заштита од развој на тешки облици на болеста и смртност. Податоците покажуваат дека кај лицата кои се вакцинирани доколку се развијат симптоми, болеста минува многу поедноставно и без тешка клиничка слика.

Епидемиолошките податоци на светско ниво покажуваат дека болеста се шири и доаѓа до заболување на лицата кои не се вакцинирани, а во овој бран доминантно тоа се младите лица како популација, кај кои процентот на вакцинација е најнизок“, информираат од МЗ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЗО: Делта сојот најмногу циркулира во области каде има помалку вакцинирани

Тие што прележале Ковид-19 да се вакцинираат по еден месец, препорачува Националниот комитет за имунизација 

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонец во Франција: Од дома излегуваме со лист на кој стои причината зошто мораме надвор

Редакција

УХМР: Невреме како вчерашното во Скопје еднаш во две до пет години

Редакција

Доктор Беќаровски со совети пред почетокот на второ полугодие: Училниците да се проветруваат пет минути по секој завршен час

Редакција