еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Актерката Силвија Стојановска и првообвинетиот Будисављевиќ не се чувствуваат виновни за шверц на кокаин

Првообвинетиот Воислав Будисављевиќ и актерката Силвија Стојановска, која е второбвинета во случајот “Колибри“ се изјаснија за невини по обвинението за помагање и учество во шверц на околу 700 килограми кокаин од Јужна Америка во Шпанија.

Според обвинителниот акт, Будисављевиќ му помагал на својот брат Владимир и му вадел карти и наоѓал транспорт за прекуокенаскиот пат на кокаинот кон Шпанија. Неговиот брат Владимир Будисављевиќ и двајца шпански државјани се обвинети за шверцот во Шпанија каде се упасени со пратката во близина на Мадрид.

За актерката Стојановска се тврди дека се јавувала во логистичка улога односно дека купувала авионски карти и изнајмувала апартман во Мадрид.

Според адвокатот на Стојановска, Димитар Савовски обвинението е „прикаска“ и тврдеше дека нема никакви докази со време, место и начин, за потврда дека обвинетите учествувале во шверц на дрога. Адвокатот на Будисављевиќ, Александар Варела ја нарече теоријата на случајот на обвинителство, теорија на лавиринт во која дејствија се претставуваат како факти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Актерката Силвија Стојановска обвинета за меѓународен шверц на кокаин

(Видео+фото) Која била улогата на актерката Стојановска за шверцот на кокаин од Колумбија преку Мадрид: Детали од МВР

Јана Стојановска: Мајка ми е невина, ќе бараме да се брани од слобода

Фото: Фејсбук/Стојановска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Османи убеден дека Макрон “Северномакедонци“ го кажувал без навреда

Редакција

(Видео) Спасен животот на петдневно новороденче со комплицирана операција

Редакција

Браво: Туристички агенции ќе носат деца со посебни потреби, деца од социјално загрозени семејства и деца на самохрани родители на море

Редакција