еМагазин
Image default
Македонија

Алармантна состојбата со пандемијата од Ковид-19 во Валандово

Надминувањето на бројката од 50 заразени и моментно 30 активни случаи, беше повод состојбата со пандемијата предизвикана од корона вирусот во Општина Валандово да биде прогласена за алармантна од страна на кризниот штаб.

По тој повод,на последната седница со која раководеше градоначалникот Перо Костадинов, беше донесен заклучок да се направи обид за мапирање на потенцијални кластери по кои се шири заразата во општината.

За спречување на ширењето на вирусот, кризниот штаб донесе нов сет на мерки со кои се наложува максимална институционална вклученост на сите чинители во борбата против Ковид-19, зачестени контроли од МВР и надлежните инспекторати како и вршење на редовна дезинфекција на детските градинки, училиштата, јавните институции и на приватните претпријатија.

До граѓаните на Општина Валандово е упатен апел за целосно почитување на пропишаните мерки и протоколи заради заштита на личното и колективното здравје.

МИА/Фото: Општина Валандово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Барокен замок на два ката, со огромен балкон и базен планирал да гради Груевски на Водно

Редакција

Владата ќе воведе забрана и посебен режим на движење: Армијата и полицијата излегуваат на улица

Редакција

78,3% од починатите од Ковид-19 имале претходни заболувања, најчесто кардиоваскуларна болест

Редакција