Светот може да ја стави под контрола глобалната пандемија на Ковид-19 во следните месеци ако правилно ги распореди ресурсите, изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, на брифинг со новинарите.
– Имаме средства да ја ставиме оваа пандемија под контрола за неколку месеци, доколку ги примениме доследно и правично, рече Тедрос.
Сепак, тој изрази загриженост за „алармантната стапка“ со која Ковид-19 се шири меѓу оние на возраст од 25 до 59 години низ целиот свет, веројатно поради појавата на многу позаразни варијанти.
– Беа потребни девет месеци да се достигне бројката од милион починати, четири месеци да се достигнат два милиона и три месеци да се достигнат три милиони, рече Тедрос.
Активистката за климатски промени, Грета Тунберг, приклучувајќи се на брифингот како виртуелен гостин од Шведска, се спротивстави на „вакциналниот национализам“ и рече дека е неморално богатите земји да им даваат приоритет за вакцинирање на своите помлади граѓани, пред ранливите групи во земјите во развој.
МИА/Фото: Photo by JESHOOTS.COM on Unsplash