еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Албанија од утре воведува двонеделен карантин за сите кои доаѓаат од Македонија и од Грција

Албанија од утре воведува двонеделен карантин за сите кои влегуваат на нејзина територија од Северна Македонија и од Грција.

Одлука за тоа денеска донесе Комитетот на експерти за справување со пандемијата и истата ќе биде во сила до трети мај.

-Несомнено, ефектот од масовната вакцинација во нашата земја почна да се чувствува. Но, она што се забележува во регионот е поразличната ситуацијата од нашата земја, кај нашите соседи.

Во Северна Македонија и Грција е зголемен бројот на случаи, но и бројот на изгубени животи, а тоа може да се види на презентираните графикони. Предизвик на нашиот комитет е да ги подобри индикаторите, рече Мира Ракацоли, претседателка на комитетот и заменик министерка за здравство.

Додаде дека велигденските празници во Албанија ќе донесат многу лица и емигранти од други земји, а имајќи предвид дека минатата година по овој празник бројот на новозаразени забележал голем раст, како и зголемен број смртни случаи, комитетот ја донесол оваа одлука.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со новата бонбониера „Sorry“ на Витаминка – полесно e да се извините

Редакција

Малата Теодора родена со тежина од само 800 грама успешно закрепна и си замина дома

Редакција

(Фото) Грчки полицаец ја „здрма“ Грција откако на својот Фејсбук профил објави фотографија како се бакнува со момче

Редакција