еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Албанската полиција заплени арсенал оружје и муниција кои требало да бидат прошверцувани во Македонија

Полицијата од албанскиот град Поградец запленила арсенал оружје и воена муниција, што требало да бидат прошверцувани во Македонија, соопшти полицијата.

– Финализирана е акцијата „Старова” во која се запленети лесен митралез, автоматско огнено оружје, две полуавтоматски пушки, значителна количина боева муниција, реденик за митарлез со 30 куршуми, рачни гранати, подвижни делови од пушката. Истите се одземени како материјален доказ, стои во полициското соопштение.

Оружјето и муницијата се пронајдени во штала за добиток, до куќата на 40 – годишен жител на селото Старова кај Поградец, претходно осудуван за „производство и продажба на наркотици”.

– Од спроведената истрага постојат основи на сомнение дека оружјето и миницијата уапсеното лице ќе го транспортира во правец на Северна Македонија. Продолжува работата на целосно документирање на оваа незаконска дејност, наведува полицијата.

Случајот е предаден на Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност Корча.

МИА/Видео: МВР на Албанија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео/аудио) Трета „бомба“ од „Ла Верита“: Повторно се слуша гласот на Јанева, а се споменува и премиерот Заев

Редакција

Хрватска влегува во Шенген зоната, Бугарија и Романија не

Редакција

МОН: Расте бројот на ученици кои следат онлајн настава, образовниот процес тече непречено

Редакција