еМагазин
Македонија

Алијансата за Албанците ќе го поддржи референдумот

Алијансата за Албанците ќе го поддржи претстојниот референдум закажан за 30 септември, одлучи денеска Централното собрание на партијата.

Според лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, партијата ќе се вклучи во кампањата за поддршка на референдумот, но има зебелешки кои не биле земени предвид бидејќи биле исклучени од одлучувањето.

„Алијансата за Албанците ќе го повика членството да го поддржи референдумот со нашите забелешки што веќе јавно сме ги искажале околу Договорот со Грција. Тука треба да се спомене дека ние не сме биле за ваква формулација на прашањето околу референдумот. За жал, бевме исклучени за да одлучиме“, изјави Села.

Тој смета дека повикот на претседателот на Собранието Талат Џафери сите пратенички групи и независни пратеници да се изјаснат дали ќе се вклучат во кампањата и каков став ќе заземат, како и дадениот рок од три дена, е дрзок и непотребен чин. На Алијансата, како што посочи, не и е најважно да добие пари за кампањата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од 30 септември 2016 година до сега се прислушувани сите фиксни броеви од телефонскaта централа во Обвинителството

Редакција

1.285 нови случаи на Ковид-19 од 3.404 тестирања, во Скопје 522

Редакција

Поради нивелацијата доцнат платите за културните работници?

Редакција