Алкалоид АД Скопје изврши дополнително вложување во постојното друштво во Република Словенија, по пат на зголемување на основната главнина, информираше компанијата преку Македонската берза.
„Вложувањето се изврши во АЛКА-ЛАБ ДОО Љубљана, каде што се вложени 400 илјади евра наменети за проширување на капацитетите на хемиската лабораторија за тестирање на лекови. Друштвото е 100% сопственост на Алкалоид АД Скопје.
Со оваа инвестиција Алкалоид АД Скопје ги продолжува активностите за понатамошно ширење на своите операции на пазарите на земјите членки на Европската унија, како и зајакнување на постојните позиции на овие пазари“, информираат од компанијата.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.