еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Алкалоид со раст на извозот од 15% и консолидирани продажби од 202,7 милиони евра

Алкалоид АД Скопје според единечниот Биланс на успех, во периодот јануари – септември 2023 година оствари продажба од 9.212.341.451 денари, што е за 13% повеќе во споредба со истиот период од минатата година, информираат од таму.

Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 12.483.936.387 денари, што е за 14 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година.

Консолидираните продажби остварени на домашниот пазар се зголемени за 10%, а вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 15%, велат од таму.

-Од вкупните консолидирани продажби 30% се остварени на домашниот пазар, додека, пак, 70 % се остварени на странските пазари.

Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 28%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 22%, во земјите од Источна Европа (ЗНД, УКР…) се остварени 19%, а на другите пазари е остварен 1% од вкупните консолидирани продажби.

Најголем пораст кај извозните пазари, во споредба со првите девет месеци од 2022 година, бележат продажбите остварени во Канада, кои се зголемени за 40 пати, потоа во Италија, каде што се зголемени за повеќе од 30 пати, во Јужна Африка за 5 пати; во Австрија за 4 пати, како и во Чешка и во Чиле, каде што се зголемени за трипати.

Потоа следуваат оние во Велика Британија (раст од 87%), Ерменија (раст од 64%), Романија (раст од 63%), во Монголија (раст од 26%), Албанија (раст од 24%), Бугарија (раст од 14%), во Украина (раст 12%), Хрватска (раст од 11%), Босна и Херцеговина (раст од 8%), во Србија (раст од 6%), итн., велат од таму.

Гледано според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 90%.

-Од нив поголем удел имаат антибиотиците со 28%, препаратите ОТЦ со 19%, невролошките препарати со 12%, кардиолошките препарати со 12% од вкупните консолидирани продажби, итн..

Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 10% во вкупните консолидирани продажби, поточно хемија учествува со 2%, козметика со 7%, а билкарство учествува со 1%.

Вкупните продажби бележат пораст кај профитните центри фармација и козметика во споредба со остварените во истиот период од 2022 година. Сегментот фармација бележи раст од 16%, а козметика раст од 8%, велат од таму.

Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 2.096.790.692 денари, бележи зголемување од околу 9%, додека, пак, единечната нето-добивка изнесува 1.299.694.920 денари и е зголемена за 12%.

-Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 2.222.310.580 денари и бележи раст од 12%, додека, пак, консолидираната нето-добивка во износ од 1.295.368.737 денари е зголемена за 14%, велат од таму.

При извршувањето на оперативните активности Алкалоид АД Скопје ангажираше повеќе од 1.000 домашни добавувачи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алкалоид за девет месеци има инвестиции од 1,2 милијарди денари и 191 нови вработувања

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најтргувани акции на Македонската берза во јануари

Редакција

Руски рулет на патиштата: МВР за еден ден исклучи од сообраќај 28 возила за меѓуградски превоз

Редакција

Нови 525 случаи на Ковид-19, во Скопје 268

Редакција