еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Алтернатива нема да условува, ќе даде подршка за уставните измени

Претседателот на Алтернатива, Африм Гаши пред почетокот на лидерската средба во Собранието истакна дека доаѓа да ја искаже целосната поддршка на неговата партија кон евроинтеграцискиот процес.

– Јас доаѓам денеска да ја искажам целосната поддршка на Алтерантива за евроинтеграцискиот процес. Нормално ќе разговарам и за нашиот предлог амандман за кој веќе знае јавноста.

Но, нормално како што кажавме и при нашето појавување пред јавноста ќе сакаме преку консензуално дејствување сите партии да се договориме во однос на тоа. Но, да видиме. Премиерот ја свикал седницата. Јас не сум запознаен што точно ќе се разговара.

Само битно да знаете дека Алтернатива стои сто проценти во овој процес евроинтеграциски. Направи се да даде поддршка да што побргу ги отвориме поглавјата, рече Гаши.

Тој потенцира дека Алтернатива не е партија која условува, туку напротив, како што рече, сакаат да воведат принцип.

– Не, во никој случај. Ни сега, ни никогаш. Алтернатива не е пратија која условува. Напротив сакаме да воведеме принцип и тој начин на условување веќе да заврши како начин на политичко комуницирање помеѓу нас. Ние треба да разговараме врз база на аргументи и тоа што е општо добро за граѓаните, а не со условување, рече тој.

На новинарско прашање како ќе се рефлектира кризата во Косово, Гаши изјави дека на Балканот сите држави сме како врзани садови и посочи дека нормално е секој поголем инцидент со поголеми размери во некоја држава може да има ефект и во нашата држава.

– Но, мислам дека нема да се случи тоа. Мислам дека и ЕУ и САД се многу активно вклучени во овој процес и мислиме дека ќе најдат решение да се смири таму топката, а од друга страна ние треба да направиме се да не дозволиме да такви инциденти евенутално да се прелеат и во нашата држава, рече Гаши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тачи вели дека сега не е време за уцени, нема да условува со бришење на формулацијата “20%“

Касами нема да учествува на лидерската средба

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

Редакција

Група граѓани собрани во близина на „Св. Спас“, безбедносната зона може да ја минат само делегации и новинарски екипи

Редакција

(ВИДЕО) Во Грција отворени кафулињата и угостителските објекти

Редакција