еМагазин
Image default
Свет

Амазон објави планови за укинување на 9.000 работни места

Амазон објави планови за укинување на 9.000 работни места.

Според извршниот директор на Амазон, Енди Џеси компанијата планира да отпушти дел од вработените во наредните недели. Според Блумберг, кратењата пред сè ќе се одразат на центарот за обработка на податоци на Amazon Web Services, кој обезбедува услуги од областа на компјутерски облаци, човечки ресурси, рекламирање и групи од сервисот за пренос во живо Twitch.

Амазон претходно планираше да укине повеќе од 18.000 работни места. Компанијата речиси двојно го зголеми бројот на вработени во изминатите две години, бидејќи побарувачката за онлајн услуги се зголеми поради пандемијата на коронавирус. Сепак, растот на приходите на компанијата забави со укинувањето на рестрикциите.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За само еден ден 100 смртни случаеви: Коронавирусот веќе усмрти над 1.000 лица

Редакција

Тажни рекорди: Во САД над 30.000 починати од корона вирусот

Редакција

Двајца загинати и 12 повредени војници: Украина пријави 84 гранатирања од страна на проруските сепаратисти

Редакција