еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Амбасадор да може да биде и лице кое има и државјанство на друга држава, предлага група пратеници

Група пратеници поднеле предлог за измена на Законот за надворешни работи по скратена постапка, со кои амбасадор ќе може да биде и лице кое има и државјанство на друга држава.

Во актуелниот Закон во членот 36 е предвидено лицето кое треба да е именувано за амбасадор да биде државјанин само на Република Северна Македонија.

„Од причина што сметаме дека овој услов го ограничува уставното право на секој граѓанин да учествува во вршењето на јавни функции, ја предлагаме соодветната измена во членот 36 став 1 во алинејата 1 со која како услов за именување на амбасадор на Република Северна Македонија може да биде државјанин само на Република Северна Македонија“, велат предлагачите.

„Со член 1 се предвидува измена на членот 36 став 1 алинеја 1 во која е предвиден услов за именување на амбасадор да може да биде државјанин на Република Северна Македонија.

Со предложената одредба се дава можност за амбасадор да биде именувано лице кое согласно со закон има и државјанство на друга држава и притоа со новиот став 3 се ограничува правото да биде именуван за амбасадор во држава за која лицето има државјанство“, стои во предлогот.

Целиот предлог ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата со кампања ќе не убедува да носиме маски

Редакција

Пациентите во штипската модуларна болница од денеска кислородот ќе го добиваат од резевоар

Редакција

Нема законска можност општините да ја финансираат Албанската академија, вели Перински

Редакција