еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Американската амбасадорка Брнз: Задоволни сме од тековните разговори меѓу Софија и Скопје

Гледаме позитивен пат напред и задоволни сме од тековните разговори меѓу Северна Македонија и Бугарија за унапредување на членството на Северна Македонија во ЕУ, напиша на Твитер американската амбасадорка, Кејт Брнз.

Таа денеска твитна во врска со заедничкото патување и заедничките активности на претседателите на Северна Македонија и Бугарија, Стево Пендаровски и Румен Радев во Рим по повод чествувувањето на Свети Кирил и Методиј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Ние сме тука за да ја релаксираме атмосферата и да ја обновиме довербата, порачаа Пендаровски и Радев од скопскиот аеродром

(ВИДЕО) Како Пендаровски го пречека на скопскиот аеродром бугарскиот претседател Радев

Радев, кој ја предводи бугарската делегација, околу пладне слета со бугарскиот државен авион на Меѓународниот аеродром – Скопје, за да ја земе македонската делегација, предводена од Пендаровски и заедно потоа да упатија кон Рим.

Како можност за обновување на дијалогот и довербата и за зајакнување на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија во духот на Договорот за соработка, пријателство и добрососедство, ги оценија Пендаровски и Радев заедничкото патуваење за Рим и Ватикан и заедничкото чествување на Светите браќа Кирил и Методиј во кусата изјава денеска на скопскиот аеродром.

Двајцата претседатели утре ќе ја посетат базиликата „Санта Марија Маџоре“ и заеднички ќе им оддадат почит на Светите браќа Кирил и Методиј. Тие ќе положат цвеќе пред пред спомен плочата во чест на Свети Кирил и Методиј.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Заев на 23. конгрес на СДСМ: Нашата партија никогаш не отстапи од предизвиците

Редакција

МПЦ-ОА ги повикува верниците и граѓаните на масовно гласање

Редакција

Двајца од Скопје, по еден од Велес и Прилеп: Починаа 4 пациенти позитивни на Ковид-19

Редакција