Анализата на порталот Pari.com.mk во соработка со БизнисМрежа.мк покажува дека со загуба од 1.033.100.724 денари (околу 16,8 милиони евра), направена во 2020 година, државната компанија – Електростопанство на Македонија (ЕСМ) е најголемиот загубар меѓу државните компании и јавните претпријатија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Анализа на „Пари“: Колку заработиле лани Макпетрол, Окта, Лукоил, Супертрејд и Дади Оил
„Пари“ открива колку заработиле лабораториите Авицена, Биотек и Синлаб
Анализата покажува дека само првите пет најголеми загубари од државниот сектор– енергетските компании за производство на струја и за високонапонската мрежа ЕСМ и МЕПСО, потоа двете компании од железничкиот сообраќај Железница – Инфраструктура и Железница – Транспорт и АД за услуги во воздухопловна навигација М-НАВ направиле вкупна загуба од 47,8 милиони евра.