еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Анализа на професорот Трајковски: Епидемијата со Ковид-19 забавува, прогнозите се добри, но болниците бавно се празнат и речиси се полни

Професорот на Технички факултет од Битола, Дејан Трајковски, кој секојдневно прави анализи на состојбата со корона вирусот, во најновата вели дека епидемијата забавува и прогнозите се добри.

Неговата анализа на Фејсбук, Ви ја пренесуваме во целост:

“Ефективниот репродукционен број Rt речиси и не излегува „над вода“ (нивото Rt=1), па дури покажува и тенденција на благо намалување.

Ова е добар знак, кој укажува на забавување на епидемијата и врз основа на него се базираат сите останати прогнози.

Со нетрпение ги очекуваме наредните денови, кога под дејство на најновото скратување на работното време би требало да видиме уште побрзо намалување.

Сето тоа во комбинација со сé поголемата прележаност и стекнатиот имунитет кај многу луѓе дава добри прогнози.

Меѓутоа, не смееме да испуштаме од вид дека ние моментално ја зауздуваме епидемијата со помош на мерките, инаку премало е нивото на колективен имунитет за да се потпреме само на него (освен донекаде во Штип).

Не знаеме што ќе донесе јануари со многубројните дружења, почетокот на учебната година и враќањето на децата на училиште, што се фактори на ризик познати уште од грипот.

Опуштањето и разгорувањето на епидемијата е последното нешто што ни треба, затоа што во моментот болниците се речиси полни (сината линија на вториот дијаграм), т.е. побавно се празнат отколку што се затвораат полесните случаи, па при ново избувнување за час би се преполниле.

Проблемот со пролонгираното затворање на активните случаи останува, што се гледа од огромниот јаз помеѓу официјалните и реалните броеви на активните случаи после 20 ноември (црвената и портокаловата линија на вториот дијаграм).

Би било интересно да се види дали линијата на хоспитализацијата (сината линија) ќе заврти надолу штом портокаловата линија се спушти до неа, што би значело дека нема повеќе многу тешки болни во болниците, па можеби би започнале да лекуваат и полесни случаи.

Доколку ја пресметувавме стаката на хоспитализација преку реалните (а не официјалните) активни случаи (моментално само 14.982 на број), последната стапка на хоспитализација не би била одвај 6,2%, туку многу порелаксирани 8,9%

Претходните прогнози до крајот на годината остануваат на сила, освен што нереалниот број на активни случаи не вреди да го прогнозираме, бидејќи прво треба да се затворат околу 6.000 одвишни случаи.

Денеска можеме да ја разгледаме речиси совршената корелација помеѓу вкупниот број на починати и вкупниот број на дијагностицирани во третиот бран, прикажани на третиот дијаграм.

Како што се забележува, промената на бројот на дијагностицирани пред 14 дена речиси совршено го предвидува бројот на починати денеска.

Тоа е тој 14-дневен интервал од дијагностицирањето (практично и од хоспитализирањето) до смртниот исход.

Со овој податок многу добро се пресметува и стапката на леталитет од дијагностицираните слулаи (Case Fatality Rate – CFR), на четвртиот дијаграм, кој е практично хоризонтална линија веќе неколку месеци.

Не знаеме дали намалувањето во летните месеци се должеше на самото лето или пак на малиот број на тестирања и малиот број на дијагностицирани, но со вакви високи бројки сите статистики имаат многу поголемо значење.

Инаку, во овие пресметки е користено доцнење од 10 дена, за да нема големи разлики во однос на пролетта, кога просечното време од дијаностицирањето до смртниот исход беше само 8 дена.

Во секој случај, не изгледа дека болеста да станува сé побезопасна, како што изгледаше во летото, но со позначителното прележување и со доаѓањето на пролетта барем ќе се намалува бројот на заразени, а со нив и бројот на смртни случаи“.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што прво прифатила, па одбила Бугарија: Објавен нон-пејперот од средбата на Димитров, Османи и Захариева во Берлин

Редакција

Нови 355 случаи на Ковид-19, оздравени 145, две починати лица

Редакција

(Видео) Оваа се новинарите кои не известуваат што се случува во Газа

Редакција