еМагазин
Image default
Бизнис

Анализите потврдија: Соините трошки и шницли увезени во Македонија содржат ГМО

Анализите во референтната лабораторија во ЕУ потврдија присуство на ГМО во соините шницли и трошки увезени во земјава од Србија од страна на компанијата Виталиа, а дистрибуирани преку КАМ ДОО Скопје.

Количеството од 510 килограми соини трошки и шницли ќе бидат уништени, а увозниците и операторите ќе добијат парични казни до пет илјади евра. Казна ќе добијат и одговорните лица во овие компании.

– Агенцијата за храна и ветеринарство ги доби резултатите од суперанализите на соините трошки и соините шницли, кои, на барање на операторот со храна се вршеа во референтна лабораторија во Европската унија. Истите, како што беше констатирано и со првичната лабораториска анализа, потврдија присуство на ГМО, соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринаство.

Оттаму додаваат дека увезената соја е по потекло од компанијата “Сојапротеин” од Бечеј, Република Србија, а мострите беа земени во рамки на Мониторинг програмата за безбедност на храната која ја реализира Агенцијата за храна и ветеринарство.

– Во Република Македонија, производите соини шницли увезени се од операторот со храна “Виталиа”, а дистрибуирани во прометот преку операторот со храна КАМ ДОО Скопје. Увозот на соините трошки, извршен е од страна на операторот со храна “Сопродекс”, а во прометот, исто така биле дистрибуирани преку операторот со храна “КАМ” ДОО Скопје.

Соините шницли и соините трошки во количина од 510 килограми, дел затекнати во магацин, дел повлечени од продажба, се наоѓаат под официјален надзор и деновиве ќе бидат нештетно уништени, исто како и позитивната мостра ориз во количина од 550 килограми, по потекло од кочанско, произведена од увозен семенски материјал, наведуваат од Агенцијата.

Агенцијата за храна и ветеринарство подготвува  план за контрола за присуство на ГМО кај годинашнава нова реколта ориз што се произведува во Република Македонија.

Согласно Законот за безбедност на храна, забранет е увоз, производство и промет во Република Македонија на  храна и производи од храна која содржи ГМО или е составена од ГМО.

За увозниците и за операторот со храна кој извршил промет на ваквите производи во Република Македонија, согласно овој закон ќе им бидат изречени парични казни во висина до пет илјади евра во денарска противвредност, а казна ќе добијат и одговорните лица во овие компании.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гранит склучи договор со Јавното претпријатие за државни патишта вреден 598,3 милиони денари

Редакција

Акции со најголем раст и пад на Македонската берза во февруари

Редакција

(Галерија) Кои се најуспешните хотели за езерски туризам во Македонија

Редакција