еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Јанева сведочеше за „Рекет“: Не сум виновна, Камчев не бил привилегиран, а пари немам земено

Во работата како Специјално јавно обвинителство (СЈО) сум одлучувала исто како што сега одлучува Јавното обвинителство, а замислете држена сум девет месеци во притвор за давање мислење за промена на мерка притвор на Орце Камчев, изјави денеска во судот, Катица Јанева, каде сведочи за предметот „Рекет“, во кој е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластување.

Посочи дека Јавното обвинителство за овој предмет го променило мислењето за притворот на Зоран Милески, без притоа да се променат ниту една од околностите и тоа не се смета за злоупотреба и пречекорување на овластувањата.

– Од тука сметам дека обвинението за кое повеќе од девет месеци сум држена во притвор е целосно неосновано. Замислете за мислење кое сум го дала сум држена во притвор, изјави Јанева.

Според неа, СЈО не привилегирало никого, туку Врховниот суд ги привилегира сите тие кои ги гонеле, а нив ги направил неовластен тужител.

– Чекам да видам дали една од тие истраги ќе биде завршена. Зошто ЈО влезе во СЈО. Барем да го земеше предметот „Империја“ и да го изанализираше. Да видеше дека Орце Камчев не бил никогаш привилегиран. Зошто сите наредби за вештачење се повлечени. Што мислеше, а што најде. Не, важно беше што одлуки сум поништила, изјави Јанева.

Не е точно, рече Јанева дека сум му го вратила пасошот на Камчев, како што стои во диспозитивот на обвинението. Тврди дека само има дадено мислење за издавање привремена патна исправа, а судот носи одлука.

– Во моите обвиненија никаде не пишува дека се чека вештачење и потоа се повлекува, туку се почитуваат сите човекови права и постапки, изјави Јанева.

Нагласи дека никогаш не понудила привилегии на Јордан Камчев, и дека целиот случај е монтиран и граден врз основа на еден исказ – на Јордан Камчев.

– Ако судот ги прибавеше доказите од „Империја“ ќе видеше дека никогаш не му била понудена никаква привилегија или својство на заштитен сведок. Ќе видевте дека тој самиот доаѓа во СЈО и бара да соработува, изјави Јанева.

Прашана дали примила парични средства за давање мислење за промена на мерката притвор со куќен притвор и враќање на времената патна исправа на Орце Камчев, Јанева рече дека најодговорно тврди оти од никого никогаш не примила пари за давање привилегирана состојба во предметот „Империја“.

Поранешната шефица на СЈО Катица Јанева пред судот кажа дека е невина и затоа бара да биде ослободена.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанева на судењето за „Рекет“: Да знаете што се знам од 660-те илјади фајлови, сигурно не би била тука

Јанева на судењето за “Рекет“: Камчев како да знаеше за ПИ мерките за „Империја“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Како изгледа новиот комплекс „Голд Фелициа“ во Битола

Редакција

(Фото) Македонски Телеком ја постави првата тестна 5G мрежа во центарот на Скопје

Редакција

Продолжуваат судењата за „Монструм“, „Траекторија“ и „Тарифа“ на СЈО

Редакција