еМагазин
Image default
Бизнис

Ангеловска: Во буџетот растот на економијата во 2020 година проектиран на 3,8 отсто

Растот на економијата следната година според владината проекција е 3,8 отсто. Ова го соопшти денеска министерката за финансии Нина Ангеловска одговорајќи на новинарски прашања, споделувајќи ги основните контури од буџетот за 2020 година која е во владина процедура.

Потенцира дека буџетот треба да биде усвоен следнава недела на седница на Влада, а дека во фокусот на буџетот за 2020 година е инвестирање во човечкиот капитал.

Истакнувајќи дека ќе биде соопштен пред јавноста предлог буџетот за 2020 година откако ќе биде усвоен на Влада, сподели само податок за расатот на економијата и дека дефицитот ќе биде 2,3 отсто согласно фискалната стратегија.

Раст на економијата следната година од 3,8 отсто проектира и Народната банка.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата забрани настапи на пејачи и диџеи по локалите, на една маса дозволено да седат 4 лица

Редакција

„Енерџи актив“ го доби тендерот на МВР за набавка на струја вреден 1,3 милиони евра

Редакција

Стопанска банка Скопје оствари добивка од 44,6 милиони евра

Редакција