еМагазин
Image default
Македонија

Анкета: Секој трети граѓанин во Македонија нема доверба во ниту еден политичар

Секој трети граѓанин во земјава или 30,1 отсто нема доверба во ниту еден политичар. Со мал пад, премиерот Зоран Заев и натаму останува политичар со најголем рејтинг. Вкупно 18,3 отсто од граѓаните се изјасниле дека имаат доверба во Заев.

По потпишувањето на Преспанскиот договор и менувањето на името на државата се забележува раст на рејтингот на Христијан Мицкоски, во кого доверба имаат 11,7 проценти, покажа најновото истражување на М-Проспект, спроведено две години од мандатот на Владата.

И етничките Македонци и етничките Албанци во најголем процент не веруваат во ниту еден политичар (28,8 отсто од етничките Македонци и 33,2 процента од етничките Албанци).

Етничките Македонци го преферираат Заев (21,3 отсто), а 16,1 процент имаат најголема доверба во Христијан Мицкоски, покажува анкетата.

Етничките Албанци најмногу го бираат Али Ахмети (18,2 отсо), потоа го избираат Зијадин Села (15,9). За Зоран Заев се изјаснуваат 9,3, а за Билал Касами 8,4 проценти од испитаниците.

М-Проспект ја реализира истражувањето на јавното мислење во периодот 15 мај – 7
јуни 2019 година, на репрезентативен примерок од 1.000 испитаници постари од 18 години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ има поголем рејтинг од СДСМ

Анкета: 51,3% од граѓаните не ја одобруваат работата на Владата, 57,1% немаат доверба во СЈО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 674 случаи на Ковид-19 од 3.156 тестови, 98 се реинфекции

Редакција

20 лица од новозаболените со коронавирусот имале контакт со потврден случај, 1 неодамна патувало

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 582 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција