Мнозинство од 53,5 % од граѓаните немаат доверба во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и ова е голем пресврт споредено со сите претходни истражувања во кои СЈО имаше голема поддршка, покажува најновата анкета на Телма и МЦМС.
Анкетата покажува дека расте недовербата на граѓаните и во другите институции во правосудтсвото.
Во редовното обвинителство односно Републичкото јавно Обвинителство мнозинство од граѓаните – 61 % немаат доверба, безмалку половина – 28,3 % процентни или 32,7 отсто имаат доверба.
Колку доверба имате во судството? Мнозинство – 61,4 % одговориле дека немаат доверба во судскиот систем а 33, 3 отсто имаат доверба.
Анкетата е спроведена од 11 до 16 ноември на репрезентативен примерок од 1.014 испитаници.
Фото: СЈО
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.