Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) согласно поднесените изјави за интереси за 2021 година, констатирала пет случаи на кумулација на функција, од страна на избрани и именувани лица за кои ќе поднесе пркршочен платен налог.
Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, на денешната 58 седница, информираше дека согласно поднесените обрасци за изјави за интерси за 2021 година од страна на избраните и именувани лица, ДКСК констатирала прекршување на одредби од Законот за спречување на корупција, по што по службена должност ќе достави известувања со записник за констатиран прекршок и прекршочен платен налог до овие лица.
– Имаме член на Совет на Општина Аеродром, кој што е истовремено член на Управен одбор. Имаме прекршување од страна на декан на Факултет и управител на друштво за градежништво, како и в.д. директор на ЈП „Погребални услуги“.
Имаме и адвокат кој е истовремено член на Управен одбор на ЈП „Железници“ и адвокат истовремено да е заменик член на Комисија за жалби, изјави Ивановска.
Согласно одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси за овие прекршоци се определуваат глоби во висина од 200 до 500 евра, кои со порамнување може да чинат од 150 до 200 евра во денарска противвредност.
МИА