еМагазин
Image default
Македонија

Апликацијата за следење на лицата кои имале контакти со заразени ќе се активира следната недела

Министерот за информатичко општество и адинистрација Дамјан Манчевски денеска соопшти дека апликацијата за следење на луѓето кои имале контакти со заболени лица ќе биде активирана следната недела.

Таа во исто време ќе гарантира безбедност на личните податоци на граѓаните кои доброволно ќе треба да ја симнат на своите мобилни телефони.

Откако граѓанинот ќе ја симне апликацијата ќе му биде доделен број кој нема врска со бројот на неговиот мобилен телефон или со матичниот број.

Преку тој број ќе се следат контактите што ги имал со други лица кои имаат симнато апликација на своите мобилни телефони на кои им се приближил на помалку од два метра.

За да функционира апликацијата цело време ќе треба да биде вклучен блутут.

По 14 дена податоците автоматски ќе се бришат од уредот и воопшто нема да бидат преземени во друг уред, а единствено ќе се преземаат во серверот на инфектолозите доколку имателот на апликацијата се заболи од Ковид-19 за полесно да се следат контактите што ги имал со другите лица.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 72 случаи позитивни на корона вирусот, еден починат: Досега вкупно 555 заболени

Филипче: Влегуваме во критична фаза, зголемување на рестриктивноста ако се влоши состојбата

Коронавирусот само во Прилеп затвори две компании

Мапа: Во половина македонски градови има заболени од корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицискиот час не го почитувале 38 лица, приведени 30

Редакција

Пред седницата во Собранието во петок, ВМРО-ДПМНЕ повтори дека уставните измени нема да поминат

Редакција

Нови 999 случаи на Ковид-19 од 3.627 тестирања

Редакција