еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Јасмина, жената донор на срце и бубрези била мајка на 10 месечно бебе

Министерот за здравство Венко Филипче се сретна со семејството на жената, чие што семејство по нејзината смрт ги донираа нејзините органи и беа спасени три животи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Пациентката на која и беше трансплантирано срце е стабилна, сите параметри се добри

(Фото) Почна да чука новото срце на 39-годишната жена на која утрово и беше извршена трансплантација

Се чуствуваат добро: 44-годишен маж и 30-годишна жена добија нови бубрези од починатата девојка- донор

“Утрово се сретнав со семејството на 40 годишната Јасмина, жената донор на срце и бубрези, која спаси три човечки животи.

Немам зборови со кои може да ја опишам големината и човечноста на семејството Василковски кои во саботата во моменти на најголема болка, одлучи да ги донира нејзините органи.

Јасмина беше мајка на 10 месечно бебе, посветена сопруга, добра сестра и снаа.

Василковски се скромни луѓе, нивниот хуман и несебичен гест, никогаш нема да го заборавиме, остануваме поддршка и секогаш сме овде кога ќе треба да им се помогне„, напиша Филипче на Фејсбук.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски тврди дека најмалку една година немал контакт со ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ

Редакција

(Вознемирувачко видео) Светот згрозен: Иранската полиција пука на луѓе и тепа жени во метро

Редакција

36-годишна жена во Кратово го убила сопругот и свекорот

Редакција