Аудио снимка протече на социјалните мрежи, на која наводно обвинителката Вилма Русковска разговара со уште едно лице, а на снимката се споменува името Владимир Атанасовски, за кој се претпоставува дека е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), кој првостепено е осуден на казна затвор од шест години за организација на настаните од 27 април.
На снимката се слуша дека тој бил заборавен два месеци во притвор.
„Го држев два месеци и го заборавив. Го заборавив, буквално. Не. Го заборавив, намерно. Владимир Атанасовски, го ставив во притвор и го заборавив два месеци,“ се слуша на аудио снимката.
Русковска за телевизија 24 изјави дека се работи за снимка од пред три години, а која била дел од доказите кои бизнисменот Јордан Камчев ги доставил за случајот „Рекет“, но автентичноста треба да ја провери, бидејќи поминало долго време од тогаш.
„Како заборавен? Ние даваме предлог за продолжување на притвор, а Судот оценува дали е основан предлогот за продолжување на притворот. Во тоа време интензивно се работеше на собирање докази за организаторите на 27 април.
Нема шанса некој да биде „заборавен„ во притвор, затоа има заштитни механизми. Ако сум рекла „заборавен“, тоа е во фигуративна смисла,“ изјави Русковска.
Скандалозна аудио снимка на Вилма Рускоска: Намерно го заборавив!
Македонците нека ја слушнат оваа аудио снимка да знаат со кого си имаат работа.
Рускоска намерно држи луѓе во притвор, во затвор. pic.twitter.com/RR6S7m3JrN
— Pravda za site vo Makedonija (@pravda_vo_mak) July 29, 2022
Фото: МИА