На Jутјуб се појавија аудио – снимки на кои се слушаат разговори помеѓу неколку лица, а во дел од нив се бара помирување помеѓу двете најголеми партии. Се спомнуваат лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски, како и семејството Заеви, односно братот на премиерот Вице Заев.
Снимките се пуштени вчера, кога беше и судењето за „Рекет“, во кој како сведок се појави и бизнисменот Орце Камчев. Засега не е познато дали се поврзани со овој случај.
Ви пренесуваме дел од разговорите:
Шефе, ако не се смири топката, дај да пробаме да направиме некакво смирување и нешто со ВМРО-ДПМНЕ, они двајца со некакви двајца медијатори наши, странски, да се закопаат секирите сите, привидно да се глуми кавга, они ќе изгубат, кај и да е ВМРО ќе си дојде. Ако треба крв, и крв. Имаш деца, имаш машко дете. Ќерка му е што ме боли к…т. И да не нема тоа е, ама нема да дозволам да ми го газат достоинството. Јас со Сашо Мијалков се расчистив.
Ќе пуштам од Бугарија како Ким Јонг..Па тепајте се во Македонија. И ќе иде се у п…у матер. И ќе дојде Мицкоски. И шо праиме после? Треба крв до колена? Не се научија дека 30 години најпаметни Љупчо и Бранко испаднаа и после седнаа се договорија, така беше?
Имаш ли некое влијание или не кај нив? Викни утре да се видиме и да се разбереме со Вице. Ќе крварат и они и ние.