еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Авионите со жртвите од несреќата ќе пристигнат утре во 9 часот, на плоштадот „Скендербег“

Посмртните останки на 45. граѓани кои загинаа во сообраќаната несреќа во Бугарија се очекува утре во 9 часот да пристигнат на Меѓународниот аеродром Скопје, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР).

По пристигнувањето, како што наведува МНР, поворката ќе се движи по однапред утврдена патека до и низ главниот град.

Во периодот од 10 до 13 часот граѓаните ќе може да оддадат последна почит и да поожат цвеќе на плоштадот „Скендербег“ и да ја проследат поворката која ќе помине по булеварот веднаш до плоштадот, во периодот меѓу 11 и 12 часот.

На самиот плоштад ќе биде поставен и видеоѕид, од каде што граѓаните ќе можат да го следат целиот процес на пристигнување и движење на поворката.

Бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов денеска изјави дека останките на 45. македонски граѓани утре наутро од Бугарија во земјава ќе бидат транспортирани со два воено-транспортни авиона.

Несреќата на автобусот на „Беса транс“ – Скопје се случи на 23. ноември на автопатот „Струма“ во близина на градот Перник. Загинаа 45 патници, седум беа повредени.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ која донесе условна казна за обвинетиот за сообраќајката пред „Млечен“

Редакција

Генерален штрајк во Пошта за повисоки плати

Редакција

„Кобни„ Фејсбук статуси: Груевски го „зафркна“ и Мијалков

Редакција