еМагазин
Image default
Македонија

ААВМУ: Објавување документи со информации од висок јавен интерес суштинска задача на медиумите

Објавувањето документи со информации од висок јавен интерес е една од суштинските задачи на слободните и независни медиуми затоа што ваквиот јавен надзор гарантира одговорност и транспарентност на политичките и јавните органи, соопшти денеска Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) по повод одлуката на Основното јавно обвинителство да покрене обвинителен акт за оддавање службена тајна против Александар Митовски од порталот „Infomax.mk”.

ААВМУ истакнува дека медиумите при вршењето на својата работа мора да ги почитуваат професионалните и етичките новинарски стандарди, а инстититуциите да имаат превид дека покренувањето обвиненија против новинари за објавување информации негативно се одразува на постигнувањето на заедничката цел – заштита на јавниот интерес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗНМ: Обвинителство треба да ги гони лицата што ги изнеле записниците, а не оние што ги објавиле

Обвинение за новинар од порталот „Инфомакс“ за објавување на записникот од „Рекет“

Фото: ССК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грција се жали на неспроведување на Договорот од Преспа

Редакција

Убава вест: Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

Судскиот совет парично казни двајца судии и запре две постапки против врховни судии

Редакција