Извештајот за стратешка оцена на животната средина (СОЖС) и нацрт – регионалниот план за управување со цврст отпад за полошкиот регион беа претставени на јавните расправи што се одржаа во Тетово и Гостивар на 12 и 25 декември 2019 година.
Наодите и клучните заклучоци во повеќе области од извештајот за стратешката оцена за животна средина беа претставени пред заинтересираните граѓани.
Презентациите се фокусираа на целите за заштита на животната средина за регионот во сите области, но особено на предложените мерки за подобрување на депонијата Русино со кои ќе се забележи драстично намалување на влијанијата врз животната средина.
Беа дискутирани и мерки за подобрување на собирањето отпад и рециклирање и истите се вклучени во регионалниот план за управување со отпад.
Со спроведувањето на планот ќе се воведе компостирање на органски отпад и воведување на третман на отпад, но првиот приоритет е надградба на депонијата Русино според стандардите на ЕУ.
Презентацијата на извештајот за стратешка оцена на животната средина за нацрт – регионалниот план за управување со цврст отпад за полошкиот регион, ја истакна тековната состојба на неправилно управување со отпадот, резултатите од влијанието врз животната средина и последиците по квалитетот на животот и здравјето на граѓаните.
По презентирањето на наодите од извештајот, присутните ги понудија своите предлози и коментари што ќе бидат земени предвид во последните фази од изготвувањето на регионалниот план за управување со цврст отпад за полошкиот регион.
Извештајот за стратешката оцена на животната средина беше објавен во периодот од 13.11.2019 – 13.12.2019 година со цел целосно подготвување и темелно информирање на граѓаните, институциите, правните лица и сите засегнати страни за јавните расправи.
Регионалниот план и извештајот за СОЖС беа подготвени во рамките на проектот за управување со цврст отпад во полошкиот регион.
Подобрувањето на организацијата на регионалниот и локалниот систем за управување со отпад и обезбедување на напредно решение за управување со отпад во полошкиот регион е главната цел на проектот што е финансиран од швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања SECO.
Резултатот од проектот ќе биде подобрување на квалитетот, ефективноста и одржливоста на услугите за управување со отпад во полошкиот регион и намалување на негативните влијанија врз животната средина и здравјето.
Проектот има за цел да обезбеди основа за регионални инвестиции во инфраструктурата, создавање услови за локален економски развој и создавање нови можности за вработување за локалното население.
Проектот го спроведуваат деветте општини во Полошкиот регион поддржан од ИINFRASTRUKTUR & UMWELT во конзорциум со SEHLHOFF и БАР Е.Ц.Е. Целиот проект се заснова на националното законодавство за управување со отпад и стандардите на ЕУ и е во согласност со патоказот за пристапување во ЕУ.
Имплементацијата на проектот започна на крајот на септември 2018 година и се предвидува да трае до втората половина на 2020 година. Се очекува последователниот проект да се фокусира на реализација на регионални и локални мерки за инвестирање и институционална поддршка.