Наместо да работи на решавање на проблемот за болните од цистична фиброза, за што е и платен од граѓаните, министерот за здравство Фатмир Меџити предизвика лавина од негативни реакции во јавноста и на социјалните мрежи, откако пациентот Игор Пехчевски, кој боледува од оваа болест и со месеци јавно моли за лек, го нарече „шоумен“.
Меџити во интервју за „Макфакс“ изјави дека Пехчевски правел шоу сликајќи се во болница со транспаренти преку кој бара лек.
Пехчевски по интервјуто побара јавно извинување од Меџити, но досега не го доби. Побара и итна набавка на лекот „трикафта“, кој исто така не го доби.
„И покрај потешкотиите со болеста што ја имам, нема да се предадам ни на болеста ни на вас. Дај Боже вие министер Фатмир Меџити да го доживеете истото шоу, на вас и на вашите најблиски. Да молиш за лек, а да нема воопшто лек. Па да видиш што е болка“, напиша Пехчевски на Фејсбук и порача дека правдата ќе ја бара во Стразбур.
“Црвената линија веќе ја помина министерот Фатмир Меџити и лекот ќе го набавиш и оштета ќе ми платиш за навреда и омаловажување на пациент кој бара лек во Судот за човекови права во Стразбур.
И продолжи повторно да си поигруваш со пациентите„, напиша тој.
Да потсетиме дека пред извесно време почина пациент со цистична фиброза, кој бараше лек од 2020 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина пациент со цистична фиброза, кој што лекот го барал од 2020 година
Фото: Фејсбук/Пехчевски