еМагазин
Image default
Свет

Австрија: Голем број на заразени од Ковид-19 кај повратници од одмор од Шпанија и Хрватска

Австриските власти регистрираат се повеќе случаи на инфекција со коронавирусот кај повратниците од одмори во странство, а најмногу ги има кај оние кои летувале во Хрватска и Шпанија.

Во календарските недели 27 и 28, инфекцијата е регистрирана кај 322 повратници од одмор од Шпанија, како и кај 186 кај повратници од Хрватска. Следуваат новоинфицирани кои биле на одмор во Холандија (61), Малта (52), Грција (43), Германија (21), Франција (18).

Кога станува збор за земјите од Западен Балкан, инфекцијата со корона е регистрирана во Австрија кај само тројца повратници од Србија и Босна и Херцеговина.

МИА/Фото: Photo by Louis Reed on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Француските специјалци користат гранати против „Жолтите елеци“

Редакција

(Видео) Граничниот премин Рафа меѓу Египет и Газа отворен за испорака на хуманитарна помош

Редакција

Шефот на израелското воено разузнавање поднесе оставка

Редакција