Во моментот на носење на одлуката за избор на најповолна понуда за набавка на природен гас за јануари, 2023 година во постапката спроведена од страна на ЕСМ Продажба, цената понудена од „Балкан Јутилитис“ од 115,97е/MWh беше пониска од цената понудена од „Макпетрол“ од 116,20e/MWh, се вели во реакцијата на компанијата.
„На коментарите во врска со намалената цена на природниот гас за јануари, би сакале да нотираме дека доколку „Макпетрол“ во месец декември имаше сознанија дека цената за јануари ќе има тенденција на спуштање, требаше истите да ги пренасочи кон понудата и да даде понуда со пониска фиксна цена, која ЕСМ Продажба ќе можеше да ја земе предвид за разгледување заедно со другите понудувачи кои доставија фиксна цена.
Имено, на јавниот повик за набавка на природен гас за периодот 01-31.01/2023г и 01-30.04/2023г спроведен во декември 2022г од страна на ЕСМ Продажба беа наведени услови задолжителни за секој понудувач, а тоа се обезбедени количини, квалитет, фиксна цена и банкова/корпоративна гаранција.
Фиксната цена е задолжителен услов од причина што ЕСМ Продажба треба да има обезбеден буџет, да може да ја прифати понудата, да има пресметка за плаќање на природниот гас којшто го плаќа однапред и истиот да го испорача до другите потрошувачи кои ќе го купат од ЕСМ Продажба, со маржа не поголема од 1%.
ЕСМ Продажба во текот на јануари ќе спроведе јавен повик за набавка на природен гас за февруари 2023г, на кој ќе бидат поставени истите услови.
Ги повикуваме сите лиценцирани фирми за трговија и снабдување со гас во земјата, но и од странство, вклучувајќи ги и „Макпетрол“ и „Пром-Гас“ да поднесат понуди кои ќе содржат што пониска фиксна цена,“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гасот најевтин, а македонската држава го плаќа еден милион евра поскапо
Фото: Влада