еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Банките сами ќе одлучуваат за евентуално менување на каматните стапки, велат МБА

По најновото зголемување на основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, од Македонската банкарска асоцијација (МБА) велат дека банките и штедилниците ги следат сигналите на монетарната политика и оти секоја од нив прави проценка и ќе донесе одлука околу евентуалното менување на каматните стапки на кредитите и депозитите.

– Нашите членки, банките и штедилниците, ги следат мерките и сигналите на монетарната политика и секоја од нив, во зависност од своите деловни политики и конкретните околности на пазарот прави проценка и одлука околу евентуално менување на каматните стапки на кредитите и депозитите, се вели во одговорот од Македонската банкарска асоцијација.

Во секој случај, велат од МБА, во дадениот макроекономски амбиент, пред се на глобално ниво, ова е очекувана мерка од нашата Централна банка.

Народната банка денеска соопшти дека по априлското зголемување на основната каматна стапка, сега е направено дополнително зголемување за 0,25 процентни поени и таа сега е на ниво од 1,75 проценти.

При донесувањето на ваквата одлука биле земени предвид најновите движења кај инфлацијата, којашто и во април забрза, како и влијанието на ваквите остварувања врз инфлациските очекувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Народна банка ја зголеми основната каматна стапка на 1,75%

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца македонски државјани евакуирани во камп во Маракеш по земјотресот во Мароко

Редакција

За 275.000 евра продадени 3.000 акции од Комерцијална банка во две блок-трансакции

Редакција

„Нема да си простам ако нешто му се случи на моето семејство“: Здравствен работник за еМагазин зборува за личната битка со коронавирусот

Редакција