еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Барањата на Бугарија влегуваат во преговарачката рамка, тврди Милошоски

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на својот Фејсбук профил објави документи за кои вели дека се извадок од предлог преговарачката рамка на ЕУ за Македонија.

„Ова е извадок од предлог преговарачката рамка на ЕУ, во која има сериозни влошувања наметнати како дополнителни услови за Македонија:

Билатералниот Договор од Преспа, како и Договорот со Бугарија станува составен дел од преговарачката рамка со ЕУ, заедно со записниците на заедничката историска комисија кои ќе треба да се преточат во опипливи резултати.

На Македонија и се отвара уште едно малцинско прашање (читај повторно отварање на Уставот) кое ќе биде нов услов, од кој ќе зависи кога ќе се одржи првата меѓувладина конференција.

Процесот на Стабилизација и асоцијација кој досега беше засебен, ќе стане составен дел од Преговарачката рамка со ЕУ и преку него ќе се вметнуваат нови барања и услови поврзани со Рамковната Декларација на Бугарија од 2019 година .

Димитар Ковачевски, иако тврди дека не бил во тек со преговорите, овој текст го имал на увид уште пред неколку недели, но со министрите Бујар Османи и Бојан Маричиќ не успеале да го заштитат основниот принцип за кој се залагаа многу пријатели членки на ЕУ, и кој и одговара на Македонија, а тоа е билатералните договори да не стануваат дел од рамката за преговори“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не се зборува за преговарачка рамка, во Софија има комплетен застој, вели Вархеји

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филмска бркотница и пукотници за време на полициски час: Со возило повредил полицаец и удирал се пред себе

Редакција

Албанија забранува користење мобилни за учениците и наставниците за време на настава

Редакција

Протестна нота од бугарското МНР за оштетен споменик во прилепско

Редакција