еМагазин
Image default
Балкан

Бебе од 37 дена е најмладата жртва од Kовид-19 во Грција

Бебе старо 37 дена е најмладата жртва од Ковид-19 во Грција, откако помина 17 дена приклучено на апарати на интензивна нега во Детска клиника.

Од атинската детска болница соопштуваат дека машкото бебе, 16 дена по раѓањето, со ринитис и температура било хоспитализирано на одделот за заразни болести.

По направениот ПЦР тест, било потврдено дека е заразено со коронавирусот, а шест дена подоцна било префрлено на Одделот за интензивна нега и приклучено на апарати, каде што му се влошила состојбата и го загуби животот.

Сочувство и жалење за загубениот живот, преку социјалните мрежи изразија грчкиот премиер и министерот за здравство.

– За жал денеска ја имавме најмладата жртва од пандемијата во нашата земја. Бебе кое 17 од неговите 37 дена, помина борејќи се со коронавирусот.

Вирусот не прави разлика, но денес тагата е неподнослива. Изразувам најискрено сочувство до неговото семејство, напиша грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

На случајот со бебето заразено со Ковид-19 се осврна министерот за здравство на Грција на пред десетина дена на една од редовните прес конференции за ситуацијата со пандемијата во земјата.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Србија тврди дека дроновите кои летаат над касарни доаѓаат од Косово

Редакција

(Видео) Српски ученик со пластичен пиштол го исмејува масакарот во белградското училиште, јавноста згрозена

Редакција

Европскиот парламент со резолуција бара меѓународна истрага за наводните нерегуларности на изборите во Србија

Редакција