еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Министерот Бектеши го брани синот на Ахмети, 99% од бизнисот му бил поврзан со Швајцарија

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска упати јавна покана до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и заедно со новинарите да одат да ја посетат компанијата на синот на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, Шкумбин Ахмети и јавно да бидат презентирани сите документи што работела неговата фирма од денот на основање до овој момент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Бизнис стеблото на Али Ахмети и брат му Фекри

Бектеши потенцира дека Шкумбин Ахмети има приватна фирма која се занимава со архитектура и главно сите негови проекти се за потребите на одредени компании во Швајцарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Али Ахмети

-Во однос на наводите на ВМРО-ДПМНЕ за синот на Ахмети, денеска сакам да го повикам јавно господинот Мицкоски во мое лично име и заедно со мене, имајќи во предвид дека и тој има потекло од Кичево и Кичево е многу мал град, сите се знаеме меѓу себе, да одиме во Кичево да ја посетиме канцеларијата на господинот Шкумбин Ахмети и пред медиумите заедно со господинот Мицкоски да видиме што работи Шкумбин Ахмети во последните пет години.

Тој има приватна фирма која се занимава со архитектура и главно сите негови проекти, повеќе од 99 отсто се за Швајцарија и тој прави цртежи за потребите на одредени други компании во Швајцарија, која нема никаква поврзаност со Република Македонија, а посебно со институциите кои бараат такви услуги, рече Бектеши.

Ако е храбар за тоа што го кажува, нагласи Бектеши, од денеска кога тој ќе има време јас ќе ја прилагодам мојата агенда со неговата да одиме во Кичево заедно со медиумите во канцеларијата на Шкумбим Ахмети и јавно ќе ги презентираме сите документи што работела неговата фирма од денот на основање до овој момент.

Во однос на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ кон внукот на Али Ахмети, Бесијан Амети, Бектеши рече дека двајцата потпретседатели на партијата Тимчо Муцунски и Владо Мисајловски треба да имаат повеќе информации, како бил направено изборот на економски промотори, бидејќи, како што посочи, тие двајцата тогаш биле на високи владини функции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Едниот внук на Ахмети станал дипломат, другиот го купува бизнис центарот „Соравиа„

-Што се однесува за Бесијан Ахмети, ве повикувам вас медиумите, но и двајцата потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски и Владо Мисајловски, во време кога тој бил избран за економски промотор на Република Македонија за земјите на Бенелукс, едниот бил министер за транспорт и врски а другиот заменик министер во Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) и тие најверојатно би требало да имаат повеќе информации како е направен изборот, бидејќи изборот на економските промотори се прави посетувајќи ги сите институции вклучувајчи ја и МИОА и Министерството за транспорт и врски, каде што земаат и потписи од надлежните со цел да станат економски промотори.

Навистина очекувам од ВМРО-ДПМНЕ да не креираат лажни вести. Но, конкретно и во пракса заедно со новинарите да одиме и да видиме која е вистината, рече Бектеши.

МИА/Фото: Фејсбук/Ахмети

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Македонија деветта на детската Евровизија во Париз

Редакција

Управниот суд ги одби сите 185 тужби од политичките партии за предвремените парламентарни изборите

Редакција

(Фото) Мед и прополис за да се „ублажат маките“ на кумановските здравствени работници и да бидат здрави

Редакција