еМагазин
Image default
Бизнис

Бектеши уверува: Има доволно залихи на основните производи, нема место за паника

Нема место за паника, има доволно залихи, особено за основните производи. Ги следиме трендовите и на увоз и на извоз на соодветните продукти и навремено ќе известиме за секакви мерки што ќе ги преземе Владата по првично направени детални анализи.

Ова го порача министерот за економија, Крешник Бектеши по вонредната контолата на маркетот на КАМ во ГТЦ во Скопје што ја направи заедно со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов и инспектори од Државниот пазарен инспекторат.

„Тука сме за да ја следиме чистотата на маркетот и безбедноста на храната, но истовремено и да видиме како функционира имајќи во предвид дека во државата веќе се затворени кафулињата и баровите и граѓаните имаат повеќе време да одат и да купуваат низ маркетите во кои се создаваат гужви. Како Влада и Министерство ќе продолжиме со контролите, а ќе преземеме и дополнителни мерки,“ изјави Бектеши по контролата на маркетот.

Им порача на граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките од Владата, но и правилниците од маркетите.

Директорот на АХВ, Атанасов посочи дека во маркетите се почитуваат мерките и добрите хигиенски пракси.

-Граѓаните деновиве масовно купуваат прехранбени производи. Затоа апелирам да го проверат рокот на трајноста на продуктите и да ги проверат пакувањата да не се случајно оштетени, бидејќи и тоа е една од превентивите околу безбедноста на храната, рече Атанасов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ги замрзна цените на лебот, солта, зејтинот, млекото, јајцата, брашното, месото…

Се затвораат сите гранични премини

Филипче апелираше да не се создаваат гужви во маркетите, за да се спречи ширење на корона вирусот

Фото: МЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Грин Mашинс“ се покажаа одлично пред словенечките комунални служби – реализирана практична презентација во Ново место

Редакција

„Реплек АД“ ги зајакнува извозните позиции и освојува нови пазари

Редакција

„Сковин“ со загуба од 17,4 милиони денари за шест месеци

Редакција