еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Белата палата“ под хипотека: Може ли Комерцијална банка да стане нов сопственик на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ?

Не стивнуваат реакциите по објавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека се размислува за продажба или изнајмување на седиштето на партијата во центарот на Скопје познато како „Белата палата“

Интересно е што, ВМРО-ДПМНЕ пред изборите овој имот го стави под хипотека за да подигне револвинг кредит во вредност од три милиони евра од Комерцијална банка.

Се наметнува прашањето дали доколку партијата нема доволно финансиски средства за навремена исплата на кредитот во иднина е можно Комерцијална банка да ја активира хипотеката и да стане сопственик на „Белата палата“.

Искуствата покажуваат дека Комерцијална банка на овој начин има стекнато голем број објекти кои потоа се предмет на продажба на аукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: На продажба „Белата палата“ на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО ДПМНЕ размислува да ја продава или изнајмува „Белата палата“: Колкава е нејзината вредност

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Спасовски и партиските лидери воопшто не разговарале за одложување на изборите

Редакција

Од среда нема да можете да излезете од државата без пасош со „Северна“

Редакција

Повторно пукање во Скопје: Ранет 31-годишен маж во Чаир

Редакција