еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар, а цената на дизел горивата се зголемува за еден денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,62 отсто.

Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 85 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 87, Еуродизел (Д-Е V) за 79,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 79 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,76 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 45,791 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,452 отсто, кај дизелот има зголемување за 1,731, кај Екстра лесното масло за 2,06 и кај мазутот зголемување за 1,528 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,512 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството отвори предмет за масовното присуство на граѓани на Литијата во Струга

Редакција

За надоместоци на менаџментот на ЗК Пелегонија лани над 4 милиони денари

Редакција

Анѓушев: Немав никакво влијание за “замрзнување“ на прогресивниот данок

Редакција