Од полноќ малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се зголемуваат за 0,50 денари за литар и со тоа малопродажната цена на еуросуперот БС-95 ќе изнесува 48,5 денари, додека малопродажната цена на еуросупер БС-98 ќе изнесува 50,50 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на еуродизелот (Д-Е V), не менува и останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката од 06.04.2020 година односно 45 денари за литар.
Малопродажната цена на дкстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 0,50 денари за литар и ќе изнесува 33 денари.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,136 денари за килограм и ќе изнесува 20,106 денари.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.