еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бензините се намалуваат за два, а дизелот за 2,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,42 отсто во однос на вчерашната одлука.

Според РКЕ, малопродажните цени на бензините „Еуросупер БС-95“ и „Еуросупер БС-98“ се намалуваат за два денари и ќе изнесуваат 96,50 и 99 денари.

Малопродажните цени на „еуродизел“ и на екстра-лесното масло за домаќинство се намалуваат за 2,5 денари и за дизелот ќе изнесува 97,50 денари, а екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 96 денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,011 денари и ќе изнесува 52,466 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Власта и ВМРО-ДПМНЕ конечно сложни: Да се зголеми буџетот и одговорноста на обвинителите

Редакција

(Фото) Ева Заева и Душко Чифлиганец на одмор во Бали

Редакција

Германската Влада потврди дека Алексеј Навални е отруен со воен нервен отров

Редакција