еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Берлускони им остави огромно богатство на децата и пријателите

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, кој почина во јуни, остави милијарди долари во наследство на своите најблиски роднини и пријатели, пренесе ДПА.

Најмногу корист имаат неговите две најстари деца Марина и Пјер Силвио, според тестаментот што го објави италијанската новинска агенција АНСА.

Двете деца од првиот брак на Берлускони заедно ќе имаат мнозински удел од 53 проценти во холдинг компанијата Фининвест. Фирмата е главен акционер во MediaForEuropa (MFE), која порано се нарекуваше Медиасет и исто така е мнозински акционер на германската телевизија ProSiebenSat1.

Покрај тоа, Марина и Пјер Силвио сега имаат контрола врз вили, недвижнини и други имоти на нивниот татко, кој почина на 86-годишна возраст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој беше Силвио Берлускони

Трите деца од неговиот втор брак – Барбара, Елеонара и Луиџи – добиваат задолжителни акции во Фининвест.

Берлускони, исто така, остави по 100 милиони евра (109 милиони долари) на својата последна партнерка, 33-годишната парламентарка Марта Фасина и неговиот брат Паоло.

Марчело дел Утри, долгогодишен човек од доверба на Берлускони, доби 30 милиони евра. Тој еднаш студирал со Берлускони, бил коосновач на партијата Форца Италија во 1993 година, а подоцна бил осуден на затвор за различни прекршоци. Некои од овие казни беа поништени од повисоките судови. Сепак, тој мораше да помине и неколку години во затвор поради врски со мафијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Груевски открива каков бил односот на Берлускони кон Македонија

МИА/Фото: Берлускони/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Се поизвесно е дека Бугарија ќе не блокира

Редакција

Тони Лазов, шахистот на ШК Алкалоид блескаше на шаховската Олимпијада освојувајќи сребрен медал за Македонија

Редакција

„Улежаните“ почесто умираат од Kовид-19 отколку физички активните

Редакција