Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 24 декември просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 184,67 евра/mwh. Додека минатата сабота просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува високи 414, 04 евра/mhw, информираат од Energy Delivery Solutions.
Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 20:00) (peakload) постигна ниво од 216,55 евра за мегават час.
„Просечната цена на електричната енергија во текот на месец декември до сега, (baseload till date) изнесува 326,14 евра за мегават час, што е за околу 100 евра повисока од цената по која што електрична енергија се тргуваше во текот на претходниот месец.
Имајќи ја предвид актуелната состојба на енергетскиот пазар во Европа и светот важно е да се подигне свесноста за разумното и рационално трошење на електричната енергија, како и редовното подмирување на сметките за електрична енергија со цел да се зачува стабилноста во снабдувањето.
Информациите за движењето на цената на електрична енергија може да помогнат во попрецизно планирање на буџетите за потрошувачката електрична енергија, да се заштеди на сметките за струја, како и компаниите да носат информирани деловни одлуки со кои што ќе ги намалат своите трошоци и поуспешно ќе ги реализираат своите бизнис планови,“ се вели во соопштението.
Фото: Unsplash