еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Бесплатна проекција на македонски филмови од 14 до 16 февруари во МКЦ

Второто издание на ревијата на македонски филмови –  „Златна рамка“ под мотото „Во наш филм“ ќе се одржи на 14, 15 и 16 февруари во МКЦ.

На овој начин, домашната публика ќе има можност да ги погледне новите остварувања во македонската кинематографија, а филмските работници ќе можат да разменат мислења и искуства за нивната работа.

„Златна рамка“ е еден вид отчет пред домашната публика, која ќе има можност да ги погледне сите  домашни филмови од минатата година, од кои некои не се прикажуваат на редовен репертоар во кино салите.

 „ДФРМ е пред јубилеј од 70 години постоење и за 2020 си постави предизвици, а тоа се: да се официјализира/дефинира статусот на филмските работници што е од круцијална важност за оваа индустрија, како и редефинирање на начинот на финансирање на македонските филмови.

Филмската индустрија во Македонија покажа дека може, а сега на потег се институциите и секоја поддршка е добредојдена“, изјави претседателот на Друштвото на филмски работници, Игор Иванов – „Изи“.

На второто издание на „Златна рамка“ ќе бидат прикажани 22 филма во три програмски целини (долгометражни, краткометражни и документарни филмови). За време на проекциите, публиката ќе има можност да ги проследи филмовите заедно со авторите кои ги создале и да учествува во дискусиите што се предвидени после секоја проекција.

Во рамките на „Златна рамка”, покрај тридневната ревија на македонскиот филм од изминатата година, исто така ќе се одржат:

– Свечено Собрание на Друштвото на филмски работници на Македонија – петок, 14.02.2020

– Промоција на брошура наречена „Прирачник за филмаџии“ чија примена е со цел да се постигне јазично стандардизирање на филмската номенклатура. – петок, 14.02.2020

– Презентација на МЕДИА деск Македонија на тема „Како се евалуираат проектите на Медиа?“ – сабота,15.02.2020

– Свечено доделување на почесни награди за филмските професионалци: најдобар филмски автор, филмски актер и филмски работник. – сабота,15.02.2020

– Трибина во организација на „Златна рамка“ насловена „Жената во македонскиот филм“ – недела, 02.2020.

Ревијата „Златна рамка“ не е од комерцијален карактер и проекциите ќе бидат бесплатни. Иницијатор и организатор на „Златна рамка“ е Друштвото на филмските работници, во соработка со Агенцијата за филм и Младинскиот културен центар.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТРИ објави нова книга од Пауло Коелјо насловена „Хипи“

Редакција

Стартуваше специјализираната платформа Извоз.МК

Редакција

Донор од Македонија дарувал матични клетки за непознат пациент од Бугарија за трансплантација на коскена срцевина

Редакција